Се подготвува Starcraft 2

Велат направиле подобар енџин, за спектакурана графика и масивни армии… нудат вчудоневидувачка single player кампања… ќе ја вратат магијата на оригиналната игра… Официјалниот веб сајт е функционален, полн е со скриншотови и со два официјални промотивни видео материјали.

Апдејт: Еве ги видеата што Blizzard сè уште не ги хостираат на официјалниот веб сајт. А еве го првото од нив и на YouTube.

Personas


Personas е нов Firefox проект, што делува мошне амбициозно. Постои на ниво на веб сервис, а со Firefox се интегрира преку истоимената минијатурна екстензија, со што на корисникот му е овозможено да го менува ликот на Firefox во реално време. По дефиниција Persona е малечка престилка (skin) за Firefox, што се аплицира без притоа да има потреба од рестартување на прелистувачот. Проектот е во рана фаза од својот развој така што сè што во иднина ќе се случува ќе го носи кон подобро, иако и ова што е понудено како за почеток не е воопшто лошо. Единствено не ми е јасно, кој би сакал да има зајдисонце зад алатниците во Firefox. :) Но, добрата работа е што секој може да си направи своја Persona доколку туѓите не му се допаѓаат.

Blender 2.44

Верзијата 2.44 ми станува некако особено омилена, веројатно заради поимот „Surface Scattering“. Убавини му се случуваат на Blender во секоја нова верзија. Дел од нив овде. Blender одамна веќе не е алтернатива, на што сум особено радосен. Честито 2.44!

„Firefox“ моливчиња

Зад сликата стои how-to. Многу интересно :)