Handbrake 0.9.0


Handbrake е повеќе-платформски DVD во MPEG4 претворач со отворен код, достапен за GNU/Linux, MacOS X и Windows. Деновиве беше објавена првата официјална јавна верзија од апликацијата, со сериозни новини и измени во однос на претходните тест верии. Кој се обидел со Handbrake знае колку е едноставно да се претвори едно DVD издание во соодветен подвижен видео формат. Кој не знае може да го почне другарството овде.

Слика1

Слика 1. Приказ на прозорецот што се појавува при првото (или во зависност од изборот на корисникот, при секое) стартување на Handbrake.

Што се смени во однос на последната тест верзија?

графичкиот интерфејс за MacOS X и Windows речиси целосно;

брзината при претворање во iPod видео формат;

квалитетот на сликата на компресираниот видео материјал, благодарение на новите механизми на деблокирање и скалирање на оригиналниот видео запис;

компатибилноста со соодветните iPod и PSP (PlayStation Portable) видео и аудио формати;

стабилноста на апликацијата (Handbrake е коска!)

Слика2

Слика 2. Приказ на главниот прозорец на Handbrake 0.9.0.

За Windows е потребна Microsoft .Net Framework 2. Ако има нешто нејасно повелете овде. Мене на пример, ме интересира зошто нема 0.9.0 верзија за GNU/Linux?

Под Windows, Handbrake работи речиси идеално. По само неколку клика може да се добие ултра квалитетно видео материјалче за раздавање.

Слика3

Слика 3. Приказ на тековен процес на претворање на видео запис во различен формат од основниот.

Посебен шмек е даден со готовите пресети. Честитки за изданието и нека се множат. :)

Апдејт: Во официјалниот roadmap пишува дека во изданието 1.0 ќе има мулти-платформска графичка околина, па најверојатно тогаш и за GNU/Linux ќе има ново GUI. Засега за GNU/Linux, како последна постои бета верзијата 0.8.5. Клиентот 0.9.0 за GNU/Linux сега е достапен.

WGA skip

Пред некое време повторно инсталирав XP и имав потреба да го инсталирам Internet Explorer 7 за да тестирам некои сајтови на кои работев. И нели, заради WGA (Windows Genuine Advantage) процесот на ажурирање на сакатиот IE 6.0 не можеше да се одвива нормално, туку морав да барам начини да го избегнам проверувањето на (не)валидноста на мојата копија на Windows XP. Случајно, многу случајно, на еден Opera блог, стигнав до ултимативен трик за перманентно сјебување на WGA проверувачот под Windows XP.

Еве во што е работата:

При секоја инсталација на поновиот софтвер на Microsoft, што доаѓа со интегриран WGA проверувач, пред да започне инсталацијата, се упатува повик од локалниот компјутер до mpa.one.microsoft.com се разбира преку Интернет. Доколку не сте поврзани на Интернет не сте во предност, зашто проверката е задолжителна. Главната финта на сјебувањето на WGA се состои во менувањето на крајната дестинација до која WGA испраќа порака за проверка на валидноста на оперативниот систем.

А тоа се прави во следниве 2 чекори:

  1. Појди во C:\Documents and settings\All Users/Application Data (точно е напишана патеката) и избриши ја папката „Windows Genuine Advantage“;
  2. Појди во C:\Windows\system32\drivers\etc и измени ја содржината на датотеката „hosts“ со помош на Notepad или уште подобро Notepad++. Додади ја следнава линија на крајот на датотеката:
  3. 127.0.0.1 mpa.one.microsoft.com

Тоа е сè. Стартувај инсталација на било кој WGA софтвер и проверката ќе биде прескокната. А, зошто? Затоа што наместо до mpa.one.microsoft.com WGA проверувачот ќе прати порака до адресата 127.0.0.1, а тоа е локалниот компјутер (localhost), нема да добие никаква повратна порака, ќе запре со проверките и ќе овозможи понатамошен тек на инсталацијата.

Патем, ми требаше да го задржам и Internet Explorer 6 повторно за тестирање и налетав на Multiple IEs (колекција од сите верзии на IE пред IE 7). Директниот линк за преземање е овде ~10MB.

Wow, wow, wow…

Сè до денес мислев дека Beryl е всушност скршена технологија, веројатно затоа што никако не ми успеваше да го проработам како што треба… Ама ова што имав прилика да го доживеам откако го инсталирав „Compiz Fusion“, е многу тешко-објасниво со зборови. „Compiz Fusion“ е благослов, привилегија, финта, финеса, помош, занимација… но во никој случај не е ни блиску до тоа што е Beryl како самостојна апликација (мислам од аспект на перформансите при работа и нормално целам кон тоа дека Beryl е тапа). Има многу новини, работи беспрекорно, навистина… инсталацијата е боза… Морате да ги погледнете: Expo, Group and Tab Windows, Paint Fire on the Screen и Cube Reflection.
„Compiz Fusion“, те сакам! :D

Патем, за инсталацијата се послужив со ова упатство, а на истата страница има и врски до 3 различни видеа – демонстрации за новините во „Compiz Fusion“.

Време за Gutsy Gibbon

ubuntu
Следното Ubuntu следува во октомври годинава и од информациите до кои стигнав, ќе има многу новини. Како една од најглавните е интегрирањето на „Compiz Fusion“ во дистрибуцијата (ова е од вчера), и неговото назначување за основен генератор на работната околина, за системите што располагаат со соодветен хардвер. За послабите конфигурации сѐ уште ќе си постои Metacity.

Меѓу другите новини:

  • 2.6.22 Linux kernel
  • Xorg 7.3
  • Upstart 0.5
  • Ubuntu 7.10 Mobile
  • Ubuntu 7.10 Embedded

Официјално: 1, 2, 3.

Патем, си ја најдов позадината за Убунту што ја имам направено одамна. :)