Автор: Гоце Митевски RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Забрзајте го WordPress со неколку константи

Анализирајќи ги достапните константи во WordPress открив неколку, што значително влијаат на брзината со која WordPress работи. Па, да споделам… COMPRESS_CSS „COMPRESS_CSS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) компресирањето на каскадните стилови (CSS) пред да бидат испратени до клиентот. COMPRESS_SCRIPTS „COMPRESS_SCRIPTS“ го овозможува (true) или го оневозможува (false) компресирањето на скриптите (JS) пред да […]

Промена на RSS на MK GNU/Linux планета

Отсега па натаму, на Планетава, нема да се појавуваат сите записи од мојот блог, туку единствено оние од категоријата „MK GNU/Linux планета“. Ако ме следите преку македонската GNU/Linux планета, отсега всушност ќе следите само дел од содржините на блогот или само оние што се собрани во каналот: http://pablisher.gocemitevski.com/category/mk-gnu-linux-планета/feed/ Ако сакате да ги следите сите содржини, […]

Коментар: Операторите и ЗАМП не се договорија

„Операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на неколку ТВ канали“ – ова соопштение го сфаќам како бегање од одговорност на операторите и обид за префрлување на вината на ЗАМП. Како ќе беше оправдано себеиземањето на операторите? Почитувани корисници Ве известуваме дека операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на … Бидејќи нема […]

Листа од сите постоечки додатоци во Firefox

Прашањето е: Како да извадам листа од сите постоечки додатоци за мојот профил во Firefox? Постојат два одговори на ова прашање. Едниот е едноставен за основните корисници, другиот за понапредните. Одговор за основни корисници 1. Кликнете на копчето „Firefox“ и изберете „Troubleshooting Information“ – „Информации за проблеми“ во Firefox на македонски. Доколку немате копче „Firefox“, […]

Откако ставив MaxTV – 3 Max Comfort+

Откако мигрирав на пакетот 3 Max Comfort+, моето сфаќање за квалитетот на услугите на Македонски Телеком се промени значително. Во овој краток напис, ќе ги наведам причините за тоа, без некој посебен редослед. Ги пишувам овие работи, за потенцијалните корисници на 3 Max Comfort+ да знаат што ги очекува. Откако ставив MaxTV: расположливата брзина на […]

Македонски Телеком, 0800-12345, АЕК, грижа за корисници

На македонскиот пазар има очајна потреба од конкуренција во секторот за Интернет и комуникации. Да не речам, ни треба нов Он.нет. Она што во моментов се случува во Македонски Телеком е за секаква критика. Компанијата како да подзаспала во својата слава. Грижата за корисниците е на мизерно ниво. Да не речам, ја нема. Розовиот свет […]

Попис 2011: Прашања без одговори

За времетраењето на измачувањето со т.н. Попис 2011, бев наведен на размислување околу некои осетливи теми, што верувам дека би можеле да предизвикаат радикални промени во општественото уредување на Република Македонија и нови проблеми. Имам неколку прашања, на коишто сум речиси сигурен дека има минимални шанси да добијам одговори, но сепак ќе ги поставам. Дали […]