Автор: Гоце Митевски RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


За ноќните автобуски линии на ЈСП

Ноќните линии на ЈСП се поскапи за 5 денари. Не знам дали знаете, но во автобусите „е потопло, услугата е на повисоко ниво и за секој патник следува по еден француски сендвич со Газоoза“. Многумина од вас сигурно се прашуваат, како ЈСП се сетиле на Газоoза, во овие зимски услови, а ние имавме шанса да […]

Проектот „Скопје дише“ повеќе нема да биде финансиран

Да не остане некажано… „Скопје Дише“ нема повеќе да биде финансиран од градските власти. Многу сум револтиран што ниеден / ниедна од тие неранимајковци / неранимајковки што се клацкаат во советничките фотељи, не се потресе што веќе со месеци не може да се види нивото на загадување на главниот град – претходно видливо преку индикаторите […]

Е-даноци за граѓани – УЈП, реформа, токен, трошоци и др.

Кога денес дознав дека УЈП ќе овозможи поднесување на даночни пријави по електронски пат и за физички лица, многу се израдував. Но, подоцна подобро се информирав и ништо не остана од радоста. Не ми требаше многу време да заклучам дека ова е уште една, како што „новинарите“ би сакале да кажат, т.н. популистичка мерка. Зошто? […]

Десет огнени лисици и десет молскавични птици

Денес, на 31 јануари 2012 год. излегуваат уште две нови надградби од кујната на Mozilla. Очекувајте ги Firefox 10 и Thunderbird 10 попладне, кратко по 16 часот, по локално време. Што е ново во Firefox 10? Firefox 10 ќе биде релативно голема надградба или барем поголема од оние, на кои се навикнавме во изминатиот период […]

Неколку прашања за услугите од 3 Max на Македонски Телеком

Убеден сум дека има технички можности Македонски Телеком значително да го подобри квалитетот на услугите за пакетите од 3 Max, но тоа упорно не го прави. Сакам да поставам неколку, според мене, сосема издражни прашања: Зошто, Македонски Телеком не ја зголеми брзината на врската на корисниците на MaxTV, за опсег, колкав што му е потребен […]

Да бев новинар во Македонија…

ќе отворев блог под псевдоним и ќе ги изнесував сите шпекулативни или со факти поткрепени сознанија, за матните зделки на актуелната или било која претходна власт; ќе престанев јавно да се омаловажувам, барајќи од човек, партија или маса да ми даде право да си ја работам работата; ќе зборував помалку, ќе читав и ќе размислував […]

Административни сцени во МВР, 11.1.2012 г.

Еден обичен ден во МВР. Гужва, нетрпение, некултура и нервоза. Во ходниот пред собата за забрани – собата 28 – стои шеесет и неколку годишен маж и се плетка во нозете. Дали да тргне и да замине или да му се обрати некому и да постави прашање. Очигледно нешто не му е јасно и не […]