Конечно си најдов саглам RSS читач за Firefox. Се вика Brief, објавен е на 27 февруари 2007 и Sage може вода да му носи. Има прекрасен интерфејс, го користи матичниот начин на известување на Firefox и што е најважно брз е како струја (како и да биде ова сфатено :) ). Нуди дузина издржани нагодувања, овозможува обележување на омилените вести и изгледа како на сликава. Препорака преземајте веднаш :D
Brief 0.5.1
- 15 март 2007 год.
- Без коментари
- Firefox, отворен код
"Amarok" за Windows
Всушност не буквално, ама ова е најблиску што може да се дојде под Windows, со оглед на тоа што Amarok не е достапен за него. Кога првпат се сретнав со Amarok паднав на сè што тој носи со себе и посакав барем во периодот додека ја правам миграцијата Windows-Linux, да има начин под Windows да се чуствувам помалку фрустрирано. musikCube е присутен нешто подолго време на сцената и навистина не знам што сум мислел пред една година кога прв пат се сретнав со него. Тогаш ми беше премногу коцкаст, несимпатичен, не знаев дека има додатоци и визуелни теми за него, а погрешно го разбрав и целиот концепт околу креирањето на база од сета музика во локалниот компјутери како и ползувањето од постоењето на истата. Деновиве се убивам од слушање музика, откривам нумери што сум заборавил дека ги имам, инстантно ги наоѓам песните на кои се присетувам и посакувам уште да можев да си го ажурирам Last.fm профилот од musikCube. Мислам дека само уште тоа недостасува за насловот да биде целосно соодветен.
musikCube e ултра стабилен аудио медија плеер, што користи страшно малку RAM (1-4MB) и совршен е за постари машини. Поддржува сè што е денес популарно од аудио кодеци (mp3, ogg, wav, flac итн.), прави претопи од песна во песна, нуди екстра ефикасен пребарувач и рандомизатор, дозволува тагување, рангирање и уште многу, многу други корисни зафрканции. А инаку се базира на open source проектот musik.
Ја користам верзијата 1.0 и не сум се сретнал со некои страшни проблеми, но има работи заради кои корисниците се жалат.
- 13 март 2007 год.
- Без коментари
- аудио, музика
Battlefield: Bad Company
Не знам дали е до текстурите, ама ова е ептен реалистично. Се работи за игра во изработка, најавена како акција од прво лице. Повеќе информации на Википедија.
Скриншотовиве се земени на PlayStation 3, a има и трејлер (од Xbox 360). Уште подобро е што тој е навистина забавен. Не треба да се напоменува дека ова подолу е ‘in game’ секвенца, нели?
- 4 март 2007 год.
- Без коментари
- игри
Mixxx 1.5
Open source одговорот на екстра комерцијалните софтверски апликации за DJ-и се вика Mixxx. Mixxx е првиот повеќе платформски open source миксер, наменет за аматерите, но исто така и за професионалните DJ-и. Располага со најголем дел од функциите на комерцијалните апликации така што нема многу пречки тој да стане достојна замена за скапите виртуелни DJ студија. Mixxx е бесплатен, поддржува mp3,wav,ogg, нуди можност за користење хардверски MIDI уреди, овозможува корекција на темпо без менување на пичот итн. Единствената маана му е што не е толку нашминкан како комерцијалните апликации, па на прв поглед делува дури и несимпатично. Тоа не би требало да има врска со функционалноста, ама ете очите сакаат да нѝ бидат излажани… ПРЕЗЕМАЊЕ (3MB)
- 3 март 2007 год.
- Без коментари
- аудио, музика, отворен код



