Firefox 3 и about:config

Вчера (5.06.2008) беше објавена и втората кандидат-официјална верзија од Firefox 3. Јас сум презадоволен и изненаден од една интересна новина (што веројатно си постои од некоја рана бета на Firefox 3, но јас сега ја забележав). Еве во што се состои таа. Сите промени што би ги направиле преку „about:config“ во Firefox 3 се моментални, што би значело дека повеќе нема потреба од рестартирање на Firefox, пред тој да стане свесен за промените, направени во јадрото (регистарот).

Еве еден тест пример:

Повикајте го регистaрот на Firefox 3 со внесување на „about:config“ во адресната линија.

Додадете целобројна вредност (integer) со следново име:

ui.submenuDelay

и потоа доделете ѝ вредност нула (0).

Потоа отворете некоја од папките со обележуважи во лентата на Алатникот за обележувачи или отворете било кое подмени и ќе забележите дека нема да има пауза пред да се покаже содржината на поменито. Во тоа и се состои промената што ја прави целобројната вредност што ја внесовме во регистарот. Разликата помеѓу Firefox 2 и Firefox 3 е во тоа што, Firefox 3 не бара да се рестартира пред да ги освежи вредностите во неговиот регистар. Супер ефикасно!

Да се знае!

Да се знае од каде е...

Сосем случајно, на мојот омилен веб-сајт за тепање време. АТ Компјутери – Кичево нè проби! Патем, јас не сум тој Гоце… :D

Врска до оригиналната страница

Ubuntu Title на кирилица

Конечно ја завршив кириличната верзија од оригиналниот Ubuntu фонт (typeface). Преземањето е можно овде или со клик на сликата. Ubuntu-Title е објавен под LGPL, па истото важи и за кириличната верзија од фонтот. Патем, денес видов дека дополнително се објавени различни верзии од оригиналниот фонт на официјалната страница, па понатаму може да се очекуваат и дополнителни изданија за поединечните верзии од фонтот. Исто така, секоја дополнителна помош во изработката и подобрувањето на кириличните букви е добредојдена.

UPDATE: Направени се мали измени во позиционирањето на некои букви и додадени се специјални кирилични букви (е со надреден знак/и со надреден знак…) на вистинските позиции во unicode табелата.

Top of my pops

Сè ми се собра:

  1. Portishead – Nylon Smile
  2. The Rolling Stones – Paint It Black
  3. Edith Piaf – Les Feuilles Mortes (Autumn Leaves)
  4. Джаз оркестр Эдди Рознера – Очи черные
  5. Dmitri Dmitriyevich Shostakovich – Waltz 2 (from Jazz Suite)
  6. The Coasters – Down In Mexico
  7. Pink Floyd – Interstellar Overdrive
  8. Beirut – Nantes
  9. Belle and Sebastian – Expectations
  10. Nina Simone – Do I Move You?

Подредувањето нема врска. Не знам што ми текна да користам подредена листа…