Чаирска гимнастика

Почитувани сограѓани на оштина Чаир,

Ве молам, научете дека:

  • десната лента од коловозот не служи за паркирање на возила;
  • десната лента од коловозот не служи за претекнување;
  • во левата лента од коловозот не се движат автомобили што ги управуваат малоумни, мрзеливи и плашливи сограѓани, туку напротив, сограѓани кои избираат да не бидат дел од тензијата што се генерира во десната – маневарска – лента од коловозот;
  • трепкачите („жмигавците“) на автомобилите служат за сигнализација и сосема е нормално и очекувано да ги употребувате кога се исклучувате и вклучувате во сообраќајот. Исто така, трепкачи е потребно да употребувате кога правите најразлични движења за кои не можете да очекувате да бидат „прочитани“ или предвидени од страна на другите учесници во сообраќајот;
  • сосема е во ред, да му дадете предност на некој сограѓанин – исто така, учесник во сообраќајот;
  • бескрајно примитивно, е да се лутите, да се навредувате и да се расправате кога некој сограѓанин ќе ви свирне побрзо да го движите вашето прекрасно Бе-Ем-Ве, и конечно,
  • Чаир не е на локалните шерифи, што се на целодневен престој по локалните кафани, туку е на граѓаните. А, граѓаните, еднаш и засекогаш треба да почнат да кажуваат кога нешто им пречи.

Ми пречи што, секогаш кога поминувам низ Чаир, морам да бидам сведок на безредие, некултура, селанство, насилство и фашизам.

Број на RSS следачи без FeedBurner

Доколку сакате да дознаете колкав е бројот на корисници што го следат вашиот веб-сајт преку RSS, а не користите FeedBurner, Google ви овозможува да го откриете тој број многу едноставно. Единствен услов, во случајов, е да сте запознаени и да користите Google Reader.

Contest Watchers RSS Subscribers

Отворете Google Readers, кликнете „Add a subscription“ и потоа внесете го името на вашиот веб-сајт или блог. Google ќе пребара за внесениот поим и во резултатите од пребарувањето, за секој резултат поединечно ќе ви го прикаже бројот на Google Reader RSS „претплатници“.

Извор: Google Operating System – Find the Number of Google Subscribers for Any Feed

Mac OS X Snow Leopard во VMWare

После неколку-дневно експериментирање успеав да го проработам Mac OS X Snow Leopard во VMWare. Се служев со овој прирачник, а чиста верзија на Snow Leopard преземав преку овој торент. Инсталацијата се одвиваше речиси праволиниски. По завршувањето добив целосно функционална верзија на Snow Leopard што може да се ажурира со најновите надградби. Snow Leopard во VMWare работи забележително забавено, но со оглед на тоа дека Mac OS X оригинално не поддржува виртуелизација и тоа што работи забавено е успех.

Во продолжение можете да погледнете неколку слики од екран, што ги направив во текот на тестирањето.

Што е супер во новото Ubuntu?

  • Супер е што конечно е среден звукот. Досега, секогаш кога ќе инсталирав Ubuntu одново, имав проблеми со звукот (имав звук, но тој беше претивок или пак немав звук). Супер е што се додадени контроли за одделни звучници;

    звук во Ubuntu 9.10

  • Супер е што е изменет е ефектот на анимирано затворање на прозорци од 9.04 и сега прозорците се затвораат со едноставен fade-out;
  • Ubuntu Software Center е многу поочигледен начин да се стави акцент на огромниот број на апликации што се достапни за Ubuntu. Супер е што за избраната апликација на корисникот му е понудена и слика од екран. На тој начин би можел веднаш и да види како изгледа самата апликација;

    Бројни апликации во Ubuntu Software Center

    слики од екран директно во Ubuntu Software Center

  • Супер е Palimpsest Disk Utility;

    Palimpsest Disk Utility во Ubuntu 9.10

  • Супер е Ubuntu One;
  • Супер се и подобрувањата на основната визуелизација;

    подобрувања на основната визуелизација во Ubuntu 9.10

  • Супер е што се стартува побрзо и што се исклучува речиси инстантно;
  • Супер е што работи значително подобро.