Конечно си најдов саглам RSS читач за Firefox. Се вика Brief, објавен е на 27 февруари 2007 и Sage може вода да му носи. Има прекрасен интерфејс, го користи матичниот начин на известување на Firefox и што е најважно брз е како струја (како и да биде ова сфатено :) ). Нуди дузина издржани нагодувања, […]
Автор: Гоце Митевски RSS
Приказ на написи по хронолошки редослед.
"Amarok" за Windows
Всушност не буквално, ама ова е најблиску што може да се дојде под Windows, со оглед на тоа што Amarok не е достапен за него. Кога првпат се сретнав со Amarok паднав на сè што тој носи со себе и посакав барем во периодот додека ја правам миграцијата Windows-Linux, да има начин под Windows да […]
- 13 март 2007 год.
- Без коментари
- аудио, музика
Battlefield: Bad Company
Не знам дали е до текстурите, ама ова е ептен реалистично. Се работи за игра во изработка, најавена како акција од прво лице. Повеќе информации на Википедија. Скриншотовиве се земени на PlayStation 3, a има и трејлер (од Xbox 360). Уште подобро е што тој е навистина забавен. Не треба да се напоменува дека ова […]
- 4 март 2007 год.
- Без коментари
- игри
Mixxx 1.5
Open source одговорот на екстра комерцијалните софтверски апликации за DJ-и се вика Mixxx. Mixxx е првиот повеќе платформски open source миксер, наменет за аматерите, но исто така и за професионалните DJ-и. Располага со најголем дел од функциите на комерцијалните апликации така што нема многу пречки тој да стане достојна замена за скапите виртуелни DJ студија. […]
- 3 март 2007 год.
- Без коментари
- аудио, музика, отворен код
Марс на мојот десктоп
Во недостаток на попаметна занимација, решив да ѝ пркосам на NASA, а богами и на ESA. Тие сега нека му ја мислат ;) I’ve got Mars on my desktop by *monsteer on deviantART
- 26 февруари 2007 год.
- Без коментари
- три-де
Junior Boys Live @ FabChannel
На блиц едно соопштение. Задутре (25.02.2007, недела) во 17:30 часот по наше време, на FabChannel, концерт имаат Junior Boys. Ретка можност да се чуе како звучи дуово во живо. За тие што немаат врска за што се работи, има 4 песни за слушање на нивниот myspace.Друга работа… Ако некој знае да го „рипне“ (читај рипува) […]
- 23 февруари 2007 год.
- Без коментари
- музика
The Holiday (2006)
Не сум некој љубител на боза романтични комедии, ама морам да признаам дека The Holiday е нешто сосема поинакво. Филм каков што одамна немам гледано. Неверојатно лесен за гледање, вообичаен во секој поглед, длабок во дијалозите, а без навлегување во многу детали… Чиста приказна за нормалните маж-жена односи и крајно ненаметлива сатира на причините за […]
- год.
- Без коментари
- филм